Дома Останати Кошарка Eдвардс МВП – Јокиќ и Дончиќ потфрлија на „ол-стар“ натпрерварот: Се радуваа младите ѕвезди на САД

Eдвардс МВП – Јокиќ и Дончиќ потфрлија на „ол-стар“ натпрерварот: Се радуваа младите ѕвезди на САД

Ентони Едвардс долго време самоуверено изјавува дека е решен да стане најдобриот кошаркар на светот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кошаркарот на Минесота во неделата доби можност да го совлада Тимот на Светот благодарение на интересниот нов формат на НБА Ол-Стар натпреварот, а потоа постигна уште една победа против составот од американски ветерани.

Едвардс ги водеше своите “Ѕвезди” до убедлива победа со резултат 47:21 против тимот “Ленти”, во кој играа Леброн Џејмс и Кавари Ленард.

Четвртиот формат на Ол-Стар натпреварот во последните четири години ги спои два тима од американските играчи против селекцијата од остатокот на светот, со цел да се разбуди националната гордост кај кошаркарите и навивачите.

Резултатот беше позитивен, три возбудливи мини-натпревари во групната фаза од турнирот беа решавани во последните моменти, пред да следи убедливото финале.

Едвардс ја освои својата прва Ол-Стар МВРП награда, која го носи името на Коби Брајант, благодарение на тројката за изедначување со која ги заврши 13-те поени во првиот натпревар, потоа 11 поени во вториот и осум поени во помалку драматичното финале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Димитријевиќ повеќе не е дел од Зенит – клубот ја прекина соработката!

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ повеќе не е дел од Зенит, откако рускиот к…