Познато е дека Интер е во потрага по креативен фудбалер, дали човекот кој има искуство од настапување во Серија А е вистинскиот избор?
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Се пишуваше дека „нероаѕурите“ се заинтересирани за Хенрик Микхтаријан од Манчестер Јунајтед, но Мурињо изгледа дека не е расположен во овој момент да се откаже од услугите на својот офанзивен фудбалер.
Од друга страна, Хавиер Пасторе од ПСЖ е прескап, па Валтер Сабатини стапил во контакт со Тотенхем.
Имено, спортскиот директор кој своевремено работеше во Рома и во европскиот фудбал го лансираше Ерик Ламела сега се обидува Аргентинецот да го доведе во Интер.
Ламела подоцна беше продаден на Тотенхем за сума од 30 милиони евра. Нешто подоцна тој се повреди и после долгото опоравување не успеа да се врати во препознатливата форма, а за да го направи тоа потребни му се натпревари.
Кога би се прашувал самиот Ламела веројатно тој со задоволство би се вратил во Италија каде што како што кажавме го носеше дресот на Рома.