Дома Македонски спорт Мак фудбал Tиквеш доведе засилување од Австрија: Михаилов се враќа во Македонија

Tиквеш доведе засилување од Австрија: Михаилов се враќа во Македонија

24 годишниот Филип Михаилов од денес и официјално е нов играч на Тиквеш, потврди тимот од Кавадарци на својот Фејсбук профил.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фудбалерот за врска пристигнува од Австрија каде што настапуваше за тимот на Маршвелд. Дел од австрискиот клуб беше само шест месеци, па очигледно не се снајде и се враќа во македонскиот фудбал.

Претходно во Македонија настапуваше за Беласица, Академија Пандев, Осогово и Хоризонт Турново.

Инаку, Тиквеш е еден од најактивните клубови на пазарот во овој период и очигледно имаат сериозни амбиции во новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…