Дома Фудбал Турците најавуваат сензација: Митровиќ пристигнува на Босфор

Турците најавуваат сензација: Митровиќ пристигнува на Босфор

Одличниот фудбалер на Ал Хилал наскоро би можел да се врати во Европа, во прилично неочекуван трансфер.

Според турскиот портал НТВ Спор, најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Србија е блиску до договор со екипата на Фенербахче.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Тој наводно разговарал со својот сонародник и долгогодишен капитен на „Орлите“, Душан Тадиќ, како и со Един Џеко. Искусните фудбалери ова лето ќе го напуштат тимот од стадионот „Шукру Сараџоглу“, но Митровиќ, и покрај тоа, добил одлични повратни информации за нивните искуства во Истанбул.

Истиот извор наведува и дека преговорите помеѓу некогашниот напаѓач на Партизан и клубот на чија клупа седи Жозе Мурињо се сега во завршна фаза, па би требало да се очекува епилог во блиска иднина.

Фенер во првите денови на јуни се обиде да ги договори трансферите на Џонатан Дејвид и Душан Влаховиќ, но безуспешно. Шпицот на Лил побарал 12.000.000 евра како бонус за потпис на договорот, додека играчот на Јувентус не бил заинтересиран за преселба во лига послаба од Серија А.

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јуве, Милан и Наполи заинтересирани за белгиски репрезентативец

Јувентус, Милан и Наполи се заинтересирани за Лоис Опенда, кој сака да го напушти РБ Лајпц…