Дома Фудбал Турција: Мурињо го сака играчот кој има над 400 настапи за Реал Мадрид

Турција: Мурињо го сака играчот кој има над 400 настапи за Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО (62) сериозно е заинтересиран за фудбалерот на Реал Мадрид, Лукас Васкес (33). Според турските медиуми, новиот тренер на Фенербахче настојува да го донесе во својата екипа 33-годишниот шпански крилен играч, кој наскоро ќе го напушти Реал Мадрид по Светското клупско првенство.

Мурињо го гледа Васкес како идеално решение за десната страна на својот тим, а Фенербахче веќе му понуди мошне атрактивна понуда. Покрај висока плата, му нудат и учество во европските купови и конкурентност во борбата за трофеи во Турција.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во оваа сезона, Васкес веќе одигра повеќе од 50 натпревари за Реал, постигнувајќи два голови и запишувајќи осум асистенции. Под дресот на најтрофејниот европски клуб, има над 400 настапи. Фенербахче се надева дека Мурињо ќе биде клучниот фактор во успешните преговори за доведување на овој искусен шпанец во Истанбул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиер лигата донесе ново правило, а Арсенал пронајде начин да го искористи во своја корист!

Навивачите на Олд Трафорд забележаа „интересен“ потег на Арсенал кога станува збор за ново…