Дома Фудбал Тудор во проблеми: Јувентус без важен играч најмалку неколку месеци

Тудор во проблеми: Јувентус без важен играч најмалку неколку месеци

Фудбалерот на Јувентус, Глејсон Бремер успешно оперираше колено, соопшти денес клубот од Торино.

Јувентус ќе мора да пронајде начин да ја “покрие” празнината поради тешката повреда на заменикот капитен кој ќе отсуствува подолго време од терените.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


– Бремер утрово беше подложен на селективна артроскопска менисектомија на медијалниот менискус на левото колено. Операцијата во Лион беше целосно успешна. Играчот во наредните денови ќе започне со процесот на рехабилитација, со цел да се врати на натпреварувачка активност – стои во објавата на Јувентус без прецизирање за должината на паузата, но италијанските медиуми истакнуваат дека Бразилецот ќе се врати на терените на почетокот на 2026 година.

Повредата на Бремер (28) е тежок удар за тренерот на Јувентус Игор Тудор затоа што Бразилецот беше стандарден во почетната постава на “старата дама” оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул се подготвува за рекорден договор

Постојат сите предуслови Ливерпул да потпише нов спонзорски договор, со кој ќе постави рек…