Дома Фудбал Тудор го искритикува судијата, Италијанците тврдат дека реакцијата на Комитетот за судии ќе биде жестока!

Тудор го искритикува судијата, Италијанците тврдат дека реакцијата на Комитетот за судии ќе биде жестока!

Како што тврдат новинарите на Gazzetta dello Sport, судиските шефови во Италија не се воопшто задоволни од работата која ја заврши Антонио Рапуано на натпреварот помеѓу Верона и Јувентус.

Како што стојат работите, судијата кој има 40 години, ќе суди неколку натпревари во понизок ранг, поточно во Серија Б.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Комитетот за судење во Италија сигурно ќе го спушти Рапуано во понизок ранг на неколку натпревари поради многу лошото судење на натпреварот помеѓу Верона и Јувентус.

Тој беше жестоко критикуван од страна на тренерот на Јувентус, Игор Тудор, посебно поради два инциденти.

Тудор доведе во прашање неговите одлуки. Една е кога досуди пенал за Верона.

Жоао Марио играше со рака на крајот од првото полувреме, а судијата покажа на белата точка.

Освен тоа, Тудор смета дека напаѓачот на Верона Гифт Орбан требало да добие црвен картон откако со лакот го удри Федерико Гати, исто така во првото полувреме.

Прашање е и зошто од собата за ВАР нема сигнализација кога станува збор за „случајот Орбан“.

Рапуано во оваа ситуација му даде само жолт картон на напаѓачот на Верона.

На крајот, токму тој ќе ја плати најголемата цена за тие лоши одлуки и наредните натпревари ќе ги суди во понизок ранг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голман од англиски гигант доаѓа во Интер целосно бесплатно!

Италијанските медиуми објавуваат дека Интер нашол замена за Јан Зомер, и тоа ни помалку, н…