
Иако Роберт Левандовски игра одлично откако пристигна во Барселона од Баерн во 2022 година, свесни се дека се приближува време да донесат нов напаѓач, бидејќи Полјакот е во последната фаза на кариерата.
Веќе долго се шпекулира дека најголемата желба на Жоан Лапорта е напаѓачот на Атлетико Мадрид, Џулијан Алварез, но неговиот трансфер е под голем знак прашање бидејќи Барселона во моментов нема доволно средства за тоа.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Атлетико за Алварез бара околу 120 милиони евра, што за Каталонците е невозможна мисија поради финансиските проблеми кои веќе неколку години ги мачат.
Освен Алварез, со каталонскиот клуб се поврзува и Ерлинг Халанд, кој игра одлично во дресот на Манчестер Сити, но изгледа дека во овој момент ни доаѓањето на Норвежанецот на Камп Ноу не е реална опција.
И трансферот на Халанд би изнесувал сигурно преку 100 милиони евра, што е износ кој Барселона не може да си го дозволи.
Како што пишува Мундо Депортиво, единствената опција Барселона да донесе звучно засилување во нападот е Хари Кејн, против што навивачите на каталонскиот клуб сигурно нема да се противат.
Кејн ќе има можност летово да го напушти Бајерн бидејќи ќе биде активна клаузула според која може да замине за 65 милиони евра, што е двојно помалку отколку што Барселона би платила за Алварез или Халанд.
Поради тоа, Кејн стана приоритет на Барселона во последните недели и тие покажаа голем интерес да го донесат англискиот напаѓач.