
Трент Александар-Арнолд постигнал договор со Реал Мадрид и во летото ќе стане играч на шпанскиот гигант, тврдат англиските медиуми. По месеци шпекулации за иднината на фудбалерот на Ливерпул, изгледа дека веќе нема сомнеж каде ќе игра од следната сезона.
Александар-Арнолд е еден од трите главни играчи на Ливерпул со истекуваат договори на крајот на сезоната. Црвените имаа некакви надежи дека ќе препотпишат со него, Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк, но чекор напред во преговорите, изгледа, немаше. Од доста време се чинеше дека Трент нема да го обнови договорот.
BREAKING: Trent Alexander-Arnold agrees to join Real Madrid from Liverpool. pic.twitter.com/oejrNSI7lY
— talkSPORT (@talkSPORT) March 25, 2025