Дома Фудбал Тренер роден во Струмица се запише во историјата на Овиедо и избори пласман во Ла Лига

Тренер роден во Струмица се запише во историјата на Овиедо и избори пласман во Ла Лига

Фудбалскиот клуб Овиедо постигна историски успех откако во реваншот од баражот го совлада Мирандес и по цели 24 години се врати во шпанската Ла Лига. Овој триумф претставува огромно достигнување и за тренерот Вељко Пауновиќ, стратег со струмичко потекло, кој за кратко време стана херој на навивачите.

Пауновиќ го презеде водството на Овиедо пред нешто помалку од три месеци, но неговото влијание веднаш беше видливо. Под негово раководство, тимот не само што ги стабилизираше резултатите, туку и стигна до бараж-финалето и избори пласман во елитата – подвиг што долго се чекаше од навивачите на клубот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Во својата играчка кариера, Пауновиќ настапуваше за реномирани клубови како Партизан, Атлетико Мадрид, Хетафе, Овиедо и неколку други европски екипи.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…