Дома Фудбал Трансферот на Александер-Арнолд во Реал Мадрид се претвори во кошмар?

Трансферот на Александер-Арнолд во Реал Мадрид се претвори во кошмар?

Престојот на Александр-Арнолд во Реал Мадрид во Шпанија оди по сосема различно сценарио од очекуваното. Според изворите, поранешниот одбранбен играч на Ливерпул бил известен дека може да си бара нов клуб. Англискиот репрезентативец пристигна во Шпанија во 2025 година по истекот на неговиот договор со Ливерпул, но на Сантијаго Бернабеу не успеа да се истакне и сега се гледа како вишок во тимот, пишува Goal.com.

Минатото лето, Реал Мадрид плати симболична одштета за да ги осигура неговите услуги пред Светскиот клупски шампионат на ФИФА, каде Александер-Арнолд го направи своето деби за “Бланкос” со големи очекувања. Овој 27-годишник ја создаде својата репутација во Ливерпул како иновативен играч во одбраната. Мадридскиот состав сакаше да ги искористи неговите вештини, очекувајќи дека ќе се вклопи совршено во нивните планови и ќе ги снабдува со топки напаѓачите како Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Но, работите не се развиваа според планот, а честите повреди ја влошија ситуацијата за Александер-Арнолд. Во оваа сезона запиша само 11 настапи за Реал, последниот од нив беше на 3 декември. Според пишувањата на El Nacional, ситуацијата во Мадрид е на точка на распад. Се наведува дека привремениот тренер Алваро Арбелоа го известил играчот дека “не е дел од плановите на тимот”.

Арнолд беше обвинет дека станал “предвидлив” на теренот, поради што Реал e подготвен да се откаже од овој експеримент. Поранешниот главен тренер и некогаш ѕвезда на Ливерпул, Чаби Алонсо, сугерираше дека енергичниот дефанзивец треба време. “Трент е врвен играч и потребен ни е. Ова му е прва година и овој период на адаптација е нормален. Тој е исто така самокритичен и мораме да го поддржиме низ оваа значајна промена”, изјави тогаш Алонсо.

Во меѓувреме, Алонсо беше разрешен, а изгледа дека Арнолд ќе го напушти клубот во скоро време. Според El Nacional, “клубот разбира дека неговиот престој нема смисла и дека продолжувањето на ситуацијата само ќе наштети на играчот и на самиот тим”. Поради тоа се очекува дека ќе биде одобрен неговиот трансфер во текот на летото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нови проблеми во Мадрид: Арбелоа на ѕвездата јасно ѝ кажа да го напушти клубот до крајот на јануари

Алваро Арбелоа стана тренер на Реал Мадрид откако доби отказ Хаби Алонсо, а прашање е до к…