
Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико е на програмата следната година, а претседателот на САД, Доналд Трамп, откри на јавноста кога ќе се одржи ждрепката за најголемиот спортски спектакл на планетата.
Сите репрезентации кои ќе се квалификуваат за ова натпреварување, ќе ги дознаат своите противници на 5 декември во “Кенеди центарот” во Вашингтон.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
– Ова е веројатно најголемиот спортски настан – рече Доналд Трамп, додека покрај него стоеше претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (FIFA) Џани Инфантино.
Ова Светско првенство ќе биде историско, затоа што на него ќе учествуваат 48 репрезентации, додека досега на врвот се искачуваа “само” 32 национални тима.
Фото: Принтскрин