Дома Фудбал Останато Трамп ќе биде првиот американски претседател на Супербоул

Трамп ќе биде првиот американски претседател на Супербоул

Доналд Трамп во недела ќе присуствува на Супербоулот и така ќе стане првиот американски претседател на должност кој како гледач ќе биде на завршниот натпревар од плејофот на НФЛ. Американскиот лидер во недела ќе ја гледа финалната средба од американски фудбал во Њу Орлеанс, која ќе се одигра меѓу Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс, потврди функционер на Белата куќа, потврдувајќи ги информациите на американските медиуми.

Трамп ќе биде првиот актуелен претседател кој ќе присуствува на најголемиот годишен спортски настан во Соединетите Американски Држави, кој се одржува секоја година со завршувањето на плејофот на НФЛ. Медиумите потсетуваат дека Трамп често имал голема поврзаност со НФЛ.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во 2017 година, тој го доведе во прашање патриотизмот на играчите кои клечеа за време на изведбата на американската химна со цел да укажат на проблемите со расната неправда. Неговите критики тогаш предизвикаа бран протести меѓу играчите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Tрагедија: Почина еден од најдобрите одбојкари на Иран на само 26 години

Тажни вести пристигнуваат од Иран. Репрезентативецот на иранската одбојка, Сабер Каземи, п…