
Македонската фудбалска репрезентација утре ќе одигра квалификациски натпревар за Светското првенство против Белгија во Гент. Напаѓачот Александар Трајковски пред мечот зборуваше за очекувањата и атмосферата во тимот.
Тој изрази увереност дека Белгија ќе влезе со повеќе респект кон македонскиот состав, имајќи ја предвид играта што нашата селекција ја прикажа на првиот меѓусебен дуел.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Мислам дека доволно знаат со каква селекција треба да играат. Тоа го докажавме и во Македонија. Мислам дека ќе имаат поголема почит кон нас. Притисокот е врз нив, додека ние секој натпревар го играме исто и се подготвуваме на ист начин. Сепак, мислам дека ова ќе биде добар натпревар и нема да им биде лесно ниту на нив. Како тече циклусот, така се зголемува и притисокот, но мора да одиграме како што знаеме за да стигнеме до добар резултат. Белгија е силна селекција, произведува добри играчи и затоа се наоѓа таму каде што е“, кажа Трајковски.