Дома Фудбал Традицијата и суперкомпјутерот велат – трката за титулата во Премиер лигата е решена: Можно ли е чудо?

Традицијата и суперкомпјутерот велат – трката за титулата во Премиер лигата е решена: Можно ли е чудо?

Фудбалерите на Евертон и Ливерпул синоќа одиграа нерешено 2:2, во заостанатиот натпревар од 15. коло на Премиер лигата.

Овој натпревар требаше да се одигра уште во декември, кога временските неприлики го спречија тоа. Ливерпул беше на прагот на нова победа, но Евертон изедначи со голот на Тарковски во 98. минута. Сега Ливерпул има предност од +7 во однос на Арсенал. До крајот останаа уште 14 кола.


Клучот на иднината! ↓↓↓


Изгледа дека „карамелите“ ја искомплицираа трката за титулата, на која Ливерпул се чинеше дека е победник, но традицијата и познатиот суперкомпјутер велат поинаку.

Имено, само двапати во историјата на Премиер лигата се случило некој тим, 14 кола пред крајот, да испушти седум бодови предност на врвот на табелата. Интересно е дека двата пати големите губитници беа тимови кои сезонава се борат за титулата.

Манчестер Јунајтед во 2003 година успеа да го престигне Арсенал, а Манчестер Сити во 2019 година го престигна Ливерпул.

Постојат случаи кога тимови после 24 кола успеале да надоместат девет бодови заостанување, но придружниците на лидерот во тие случаи имале еден или два натпревари помалку од првопласираниот тим.

Што се однесува до суперкомпјутерот, Оној на Опта му дава на Ливерпул 88,3 проценти шанси за освојување на 20. титула шампион на Англија, додека Арсенал, кој е второпласиран, има само 11,6 проценти.

На третото место на табелата се наоѓа Нотингам Форест, кој има 10 бодови помалку од Ливерпул (ниту еден тим никогаш не го надокнадил ваквото заостанување), а неговите шанси за освојување на трофејот оваа година изнесуваат само 0,1 проценти.

Четвртопласираниот Челси (-14 од Ливерпул) и актуелниот шампион Манчестер Сити, кој на петтото место има -16 од лидерот, суперкомпјутерот не им дава никаква шанса да бидат прваци.

Што се однесува до распоредот на Ливерпул и Арсенал, тој е непријатен и за едните и за другите, иако во Премиер лигата не може да биде поинаку, а треба да се напомене дека овие тимови ќе се сретнат на 10. мај на Енфилд, три кола пред крајот.

Дали тоа ќе биде натпревар за титулата или Ливерпул ќе ја заврши работата порано во трката со повредите десеткуваниот Арсенал, останува да се види…

Распоред на Ливерпул до крајот: Вулверхемптон (Д), Астон Вила (Г), Манчестер Сити (Г), Њукасл (Д), Саутемптон (Д), Евертон (Д), Фулам (Г), Вест Хем (Д), Лестер (Г), Тотенхем (Д), Челси (Г), Арсенал (Д), Брајтон (Г), Кристал Палас (Д).

Распоред на Арсенал до крајот: Лестер (Г), Вест Хем (Д), Нотингам Форест (Г), Манчестер Јунајтед (Г), Челси (Д), Фулам (Д), Евертон (Г), Брентфорд (Д), Ипсвич (Г), Кристал Палас (Д), Борнмут (Д), Ливерпул (Г), Њукасл (Д), Саутемптон (Г).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Позната најголемата желба на Арсенал

Иако Нико Вилијамс ова лето беше примарна мета на Барселона, сепак поради финансиските про…