
По освојувањето на Лигата на Европа, Тотенхем обезбеди пласман во Лигата на шампионите наредната сезона и сега се насочува кон планирање на играчкиот кадар за поголеми предизвици.
Според британските медиуми, во фокусот на клубот е Лерој Сане, искусен германски офанзивец, чиј договор со Баерн истекува на 30-ти јуни.
Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓
Доколку Сане и баварскиот гигант не постигнат договор за продолжување на соработката, Тотенхем би можел да го донесе без да плати трансферна сума, што би било значајно засилување за англискиот клуб. Преговорите меѓу играчот и Баерн моментално се во застој поради несогласувања околу финансиските услови, особено околу односот на фиксната плата и бонусите.
Сане ја започна кариерата во Шалке, а во 2016 година премина во Манчестер Сити, каде што помина четири години под водство на Пеп Гвардиола. Потоа во 2020 година се врати во татковината и потпиша за Бајерн Минхен, кој тогаш го плати 49 милиони евра.
Во актуелната сезона Сане постигна 13 голови и 6 асистенции на сите натпреварувања, а според Трансфермаркт, неговата моментална пазарна вредност изнесува 38 милиони евра. Одлуката за неговата иднина би можела да биде донесена набрзо, а Тотенхем внимателно ја следи развојот на ситуацијата.