Играчот на Тотенхем Дејан Кулушевски му даде апсолутна поддршка на менаџерот на лондонскиот клуб Анг Постекоглу, чиј статус во редовите на англискиот премиерлигаш е сериозно загрозен по серијата на лоши резултати.
Ако го изземеме последнопласираниот Саутемптон, Тотенхем е клубот со најмалку победи во последните 10 кола, бидејќи има само една победа и едно реми, со неверојатни осум порази.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Англиската јавност внимателно ја следи ситуацијата околу менаџерот на „Петлите“, кој очигледно има поддршка од играчите, судејќи по изјавата на шведскиот фудбалер и некогашната ѕвезда на Јувентус.
„Да, целосно се согласувам со него. Имаме три победи во купот и навистина ни оди добро во тоа натпреварување. Мислам дека можеме да направиме големи нешта во следните четири месеци“, започна разговорот Кулушевски.
Фудбалерот со потекло од Македонија нагласи дека му верува на сегашниот менаџер на Тотенхем, затоа што лондонскиот клуб со Постекоглу игра одличен фудбал.
„Затоа што имавме натпревари во кои покажавме совршен фудбал и стил на игра кој не го практикуваат многу екипи во светот. Игравме прекрасно во убедливата победа против Манчестер Сити на гостински терен со 4:0 и ќе се борам за него затоа што и јас верувам во таков фудбал“, рече фудбалерот кој веќе четврта сезона го носи дресот на Тотенхем.
Тотенхем веќе утре вечер игра против Елфсборг во последниот меч од воведната фаза на Лигата на Европа каде има добри шанси да се пласира директно во осминафиналето.
„Мојата порака до навивачите на Тотенхем е дека сите во клубот работиме напорно за сезоната да ја свртиме во наша корист. Очигледно ја знаеме ситуацијата, но можностите во продолжението на сезоната се во наши раце“, рече тој.