Дома Фудбал Топ агент му помага на Милан за играчот на Брајтон

Топ агент му помага на Милан за играчот на Брајтон

Милан сè повеќе е уверен дека ќе успее да го привлече левиот бек на Брајтон, Первис Еступињан, објавува Џанлука Ди Марцио. Токму еквадорскиот репрезентативец е новиот фаворит за замена на продадениот Тео Ернандес.

Според информациите, преговорите помеѓу двата клуба продолжуваат, при што разликата помеѓу понудената сума и поставената цена за играчот се намалува. За тоа је заслужен и топ агентот Жорже Мендеш, чиј клиент е 27-годишниот играч.

И самиот Еступињан има голема желба за овој трансфер и е подготвен да инсистира пред својот клуб за постигнување на договор.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Матео Морето, пак, тврди дека првата отфрлена понуда на Милан била во износ од 12-13 милиони евра. Тој, меѓутоа, уточнува дека Брајтон бара многу помалку од проектираната цена од 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За Баерн нема кој да брани: Младо момче мора на гол оти друг избор нема!

Вистински хаос се случува во Минхен. Причината се голманите кои Баерн веќе ги нема на расп…