Дома Фудбал Останато Toлку од „големото ривалство“: Тајсон и Пол заедно се забавуваа (Видео)

Toлку од „големото ривалство“: Тајсон и Пол заедно се забавуваа (Видео)

Не толку одамна, Мајк Тајсон и Џејк Пол се бореа на бокс-меч кој привлече десетици милиони гледачи, а два месеца подоцна повторно се сретнаа.

Тие присуствуваа на инаугурациониот бал на Доналд Трамп, кој вчера стана 47. претседател на Соединетите Американски Држави, и таму направија шоу.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во еден момент Пол одлучи да го крене Челичниот Мајк на рамена, што очигледно за момент го исплаши боксерската легенда.

Тоа се заклучи по изразот на неговото лице кога го крена Пол, но брзо Тајсон се смири и почна да гестикулира кон останатите присутни на балот.

Пол во објава на социјалните мрежи, со фотографии од Тајсон, напиша “Најдобри пријатели”, а да потсетиме, пред борбата тие имаа жестоки конфликти па Челичниот Мајк за време на едно соочување и го удри помладиот ривал.

Да потсетиме, тогаш Пол победи со едногласна судиска одлука во мечот кој ги разочара фановите, а многумина се сомневаа и дека е наместен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Последната снимка од Џошуа и неговиот пријател кој загина: Еве што правеа пред трагедијата (Видео)

Познатиот британски боксер Ентони Џошуа во понеделникот доживеа тешка сообраќајна несреќа …