Дома Останати Кошарка Откриени резултатите од гласањето за МВП: Јокиќ не бил ниту блиску

Откриени резултатите од гласањето за МВП: Јокиќ не бил ниту блиску

Никола Јокиќ ја продолжи својата серија како еден од најгласаните кошаркари за МВП наградата петта сезона по ред. Во историјата на НБА, ова му успеа само на Лери Бирд.

Меѓутоа, оваа година, наградата „Мајкл Џордан“ му припадна на канадскиот кошаркар Шеј Гилџес-Александер.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Кога листата се сведе на тројца фаворити, стана јасно дека Српскиот играч и Канаѓанецот ќе водат битка за оваа престижна титула, иако сезоната на Јанис Антетоќумбо во Милвоки Бакс беше извонредна.

Така и излезе на крајот. Стотина експерти го пратија својот избор, рангирајќи ги првите пет кошаркари за кои сметаа дека заслужуваат да ја освојат титулата. Првото место носело најмногу поени, а секое наредно место помалку.

Гилџес-Александер на крајот убедливо тргна со победа. Собра 913 поени, додека Јокиќ заврши втор со 787.

Кога станува збор за првите места, играчот од Оклахома Сити беше уште поубедлив: соодносот беше 71-29 во корист на Гилџес-Александер против Јокиќ. Интересно е тоа што никој друг од играчите не доби глас за првото место освен овие двајца.

Зад Јокиќ, редоследот на листата продолжува со Јанис Антетоќумбо, Џејсон Тејтум, Донован Мичел, Леброн Џејмс, Кејд Канингем, Ентони Едвардс, Стефен Кари, Џејлен Брансон, Џејмс Харден и Еван Мобли.

Фото: Denver Nuggets/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Индијана со чудесен пресврт го победи Њујорк во првиот натпревар од финалето на Истокот

ИНДИЈАНА победија во првиот натпревар од финалето на Источната конференција на гостински т…