Дома Фудбал Италија Toнали се договорил со обвинителството

Toнали се договорил со обвинителството

Во овој период во Италија актуелен е скандалот со обложување, а најмногу се пишува за Сандро Тонали на кого му се заканува најсериозна казна.

Екс-фудбалерот на Милан призна дека се обложувал на натпревари на кои учествувал. Италијанецот заедно со својот адвокатски тим максимално соработува во истрагата, па обвинителите наводно се одложиле за побагла казна.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Претходно се пишуваше дека Тонали ќе биде суспендиран најмалку една година, но сега се прават напори за помала казна. Тонали како и да е нема да игра фудбал до крајот на сезона, меѓутоа од Њукасл сакаат да го имаат на располагање за почетокот на следната сезона.

Тонали покрај соработката во истрага прифатил и да има медицински надзор при неговото лечење од зависност и сето тоа ќе биде организирано во специјални установи. Претходно Николо Фаџоли од Јувентус доби суспензија од седум месеци и шест месеци лекување од зависност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челси сака да се раздели со уште десетина играчи до затворањето на прозорецот

Челси веќе продаде речиси цел тим за вкупна сума над 200 милиони фунти, но клубот ќе напра…