
Ливерпул го загуби дербито против Манчестер Јунајтед и не остави позитивен впечаток, особено во првото полувреме. Затоа медиумите во Англија се безмилосни кон тимот на Арне Слот, предводени од легендата на клубот, Џејми Карагер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поранешниот одбранбен играч на Црвените, сега аналитичар во “Скај Спортс”, го следеше натпреварот и ги изрази своите мислења за тимот со кој одигра повеќе од 500 натпревари.
– Ништо не е полошо од играње во тим кој мисли дека е доволно да ја задржи топката и да игра уредно. Тоа се тимовите против кои сакаш да играш за да ги казниш преку контранапади. Штом се зголеми темпото, тие често не се доволно добри – започна Карагер со својата анализа.
Тој исто така го искритикува и Слот.
– Колку подолго останува менаџерот, толку повеќе почнувате да го гледате неговиот стил на фудбал. Станува сè поочигледен, што се гледа и од играчите кои ги донесе летово.
Веднаш следеше споредба со неговиот успешен претходник.
– Различно е од времето на Јирген Клоп, што е и логично. Секој има свои замисли, но сега пречесто гледаме вакви натпревари, без енергија и слаби.
И поранешниот напаѓач на Ливерпул Даниел Стариџ гледа на тренерот на Ливерпул поради просечната сезона.
– За мене е проблематично колку голови примаат од контранапади. Едноставно немаат идентитет. Сакаат да го пренесат на идентитетот на Слот, но немам идеја што тоа точно значи – рече тој.