Дома Тикет на денот Тикет на денот (среда, 16.04.2025)

Тикет на денот (среда, 16.04.2025)

Тикет на денот

После вечерашните реванши ќе ги дознаеме и паровите за ½ финалето во Лигата на шампиони, а покрај тие дуели ќе имаме натпревари и во останатите лиги од светот. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Реал Мадрид – Арсенал – 1&2+ @ 1.98 во Mozzart

Да бидеме искрени, резултатот на Емирејтс беше шок за многу љубители на фудбалот. Иако Арсенал изигра фантастично, победата беше превисока, а разликата не беше кој знае колку голема. Сега Реал има тешка мисија и треба да ја надомести разликата од три кола, а тоа нема да биде воопшто лесно. Арсенал пак може да кажеме дека се задоволни од досега прикажаното во оваа сезона, како во домашното првенство, така и на европската сцена. Овде очекуваме Анчелоти да пристапи офанзивно уште од првиот момент, па типуваме 1&2+ со квота 1.98 во Mozzart.

Њукасл – Кристал Палас – ГГ3+ @ 2.10 во 22Bet

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Њукасл е во најдобра форма во последниов месец во Премиер лигата. Тие врзаа во првенството четири победи, а го освоија и Лига купот, па тоа беше прв трофеј за Њукасл после седум децении. Сега имаат за обврска да го заверат пласманот во ЛШ и ова за нив ќе биде одлична сезона. Гостите се растеретени и се наоѓаат на средината на табелата без никаква опасност за опстанокот, а имаат и некои минимални шанси за да влезат во борбата за Европа. Овде очекуваме ефикасен натпревар и типуваме ГГ3+ со квота 2.10 во 22Bet.

Силкеборг – Олборг – 1 @ 1.76 во Bet365

Ова е натпревар кој се игра во рамките на плеј аутот од данското првенство. Имено, победникот на ова доигрување ќе има шанса за да игра во квалификациите за Лигата на конференции. Силкеборг после победата над Лингби, во минатиот натпревар запишаа пораз од Виборг. Гостите пак немаат победа на последните четири натпревари и во тој временски период запишаа три реми и еден пораз. На овој дуел, домаќините се издвојуваат како фаворит, а веруваме дека ќе ја оправдаат таа улога. Наш предлог е 1 со квота 1.75 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 7.32

*Коефициентите од Bet365 се преземени на 16.04.2025 во 08:30 часот*

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (вторник, 15.04.2025)

Денес понудата не е ништо посебна, но имаме реванш натпревари од ¼ финалето на Лигата на ш…