После фантастичниот викенд, пред нас е понеделник, денот кој има многу послаба понуда. Сепак тоа не значи дека нема да ви дадеме предлог тикет за денес. Ова е нашиот супер дабл.
Трабзон – Адана – 1&3+ @ 1.87 во Mozzart
Иако екипата од Трабзон не игра во некоја форма во последно време, вечерва се големи фаворити на натпреварот против Адана. Домаќините имаат солиден состав со познати имиња, меѓутоа резултати заостануваат. После 11 изиграни кола, освоија само 12 бода и моментално се на 14-та позиција на табелата. Запишаа три последователни порази од кои последниот беше против Ризеспор. Адана од друга страна е последно пласиран тим во турската Супер лига и тешко дека ќе успеат да изборат опстанок. Овде ние очекуваме Трабзон да победи и типуваме 1&3+ со квота 1.87 во Mozzart.
Емполи – Удинезе – Х @ 2.95 во Bet365
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Емполи започна многу добро во новата сезона и моментално се на 10-та позиција. Тие досега изиграа 12 натпревари и запишаа 3 победи, 6 реми и 3 порази, па на салдото имаат вкупно 15 бода. Во послендото коло ремизираа против Лече на гости, а фактот дека досега постигнаа 9 погодоци јасно укажува дека го имаат најлошиот напад во лигата. Удинезе од друга страна е веднаш над Емполи и има само еден бод повеќе, а амбициите на овој тим се насочени само кон опстанок и ништо повеќе. Ние овде веруваме дека ќе гледаме натпревар на изедначени екипи, па реми исходот би бил најреален. Типуваме Х со квота 2.95 во Bet365.