Во претходните денови на големо се најавува заминувањето на Роналдо од Манчестер Јунајтед. Роналдо се уште не се појавил на припремите, официјалното соопштение е поради семејни причини, меѓутоа јавноста е убедена дека тој сака да си замине.
Се поврзуваше Португалецот со неколку клубови, а најмногу во последниот период со ривалот на „црвените ѓаволи“, Челзи. Сепак, стратегот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг тврди дека Роналдо не е на продажба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Роналдо не е продажба, тој е во нашите планови, не е со нас во овие моменти поради семејни проблеми. Среќен сум што ќе работам со него“.
„Пред да се појават проблемите, имавме еден добар разговор. Тој не ми кажал дека сака да си оди, тоа го прочитав од медиумите. Заедно сакаме успех“, тврди Тен Хаг.
Како и да е стартот на новата сезона во Премиер лигата е за помалку од еден месец, па така многу брзо се очекува да биде јасна иднината на Португалецот.