Дома Останати Кошарка Тешка повреда на Јовиќ: Падна на паркетот и се виткаше од болки (Видео)

Тешка повреда на Јовиќ: Падна на паркетот и се виткаше од болки (Видео)

Мајами по голема пресвртница го победи Орландо со резултат 89:88, а херојот на победата беше Тајлер Хиро кој во последната секунда од натпреварот постигна кош за победа.

Репрезентативецот на Србија, Никола Јовиќ, за нешто помалку од 24 минути игра постигна осум поени, четири скока, пет асистенции и три украдени топки. За жал, на почетокот од последната четвртина Јовиќ се пожали на повреда. Излезе од игра и повеќе не се врати на теренот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Јовиќ по едно скокање остана да лежи на паркетот и се виткаше од болки, а потоа со тешкотии го напушти теренот и отиде до клупата. Снимката ги исплаши сите, како во Мајами, така и во Србија, па останува надежта дека повредата не е од посериозна природа. Но, ова никако не изгледа добро за српскиот кошаркар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ доминираше со трипл-дабл: Денвер го совлада Феникс за првата победа во НБА (Видео)

Најдобриот кошаркар во светот, Никола Јокиќ, го оствари својот нов трипл-дабл во НБА-сезон…