
Марк-Андре Тер Штеген наскоро би можел да биде нов голман на Жирона!
Според каталонскиот новинар Алфредо Мартинез, германскиот голман е блиску до преселба во вториот каталонски тим, кој му нуди повеќе време на терен отколку што има во Барселона.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Ханси Флик јасно му ставил до знаење на својот сонародник дека ќе биде трет голман, зад Џоан Гарсија и Војчех Шченсни, и ако сака да биде прв избор на Светското првенство 2026 година, тогаш му е потребен нов клуб.
Планирано е да го замени Доминик Ливаковиќ, кој летово пристигна во Жирона, но неочекувано остана во позадина и би можел да го промени клубот повторно зимава.
Во однос на растојанието, Тер Штеген не би се преселил далеку, бидејќи Жирона е оддалечена само стотина километри од Барселона.
Алфредо Мартинез забележува дека каталонските клубови имаат одлични односи, на што сведочат и потезите како позајмицата на Ерик Гарсија во Жирона, или трансферите на Пабло Тор и Ориол Ромеу помеѓу клубовите.
Тер Штеген има договор со Барселона до летото 2028 година и нема намера да се раздели со клубот, со кој во неколку наврати имаше конфликти.
Се верува дека Тер Штеген би заминал во Жирона само на шест месеци, за да ја задржи формата пред Светското првенство.