Дома Фудбал Тер Штеген е „персона нон грата“: Флик откри што му подготвува тимот

Тер Штеген е „персона нон грата“: Флик откри што му подготвува тимот

Марк-Андре тер Штеген поради своето однесување стана “персона нон грата” во Барселона каде што ја изгуби позицијата на прв голман, а Ханси Флик објасни кој ќе биде задолжен за да му ја одземе капитенската лента на германскиот чувар на мрежата.

Проблемите со Тер Штеген започнаа крајот на минатата сезона откако се опорави од тешката повреда и очекуваше дека веднаш ќе се врати на голот на Барселона, но тоа не се случи.

Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


Флик не сакаше да ризикува со прерано враќање на Тер Штеген, што го вознемири германскиот голман и создаде неколку непотребни проблеми кои конечно многу го чинеа.

Веќе пред почетокот на подготовките му беше речено дека повеќе нема да биде прв голман и дека може да го напушти клубот, но Тер Штеген се инаетеше и одлучи повторно да зададе удар на Барселона.

За тоа говореше и вчера Ханси Флик кого го прашаа дали тој ќе му ја одземе капитенската лента на Тер Штеген, а германскиот тренер објасни кој ја носи одлуката кога станува збор за вакви работи.

“Тимот одлучува кој ќе биде капитен и така од секогаш било во Барселона. Ќе видиме што ќе се случи. Обично за вакви работи разговараме седум дена пред почетокот на новата сезона и така ќе направиме и овој пат,” изјави Флик.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул и Тотнем во битка за потписот на дефанзивецот на Парма

Серија А создаде многу квалитетни дефанзивни таленти низ годините, а уште еден го привлеку…