Дома Фудбал Тео Ернандес ја критикуваше управата на Милан во прошталното писмо

Тео Ернандес ја критикуваше управата на Милан во прошталното писмо

Тео Ернандес јавно објави проштално писмо, упатено кон навивачите на Милан, откако денес официјално го реализираше трансферот во Ал-Хилал по шест години проведени во дресот на “росонерите”.

Во неговото обраќање, Французинот им се заблагодари на приврзаниците и на оние тренери кои веруваа во него. Тој увери дека секогаш имал желба да остане, но дирекно ја обвини управата на клубот за недостаток на “вредности и амбиции”.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


“По шест години во клубот, дојде моментот да се збогувам. Во Милано пристигнав во 2019 година со соништа, мотивираност и ентузијазам за да го носам дресот богат со историја. Денес заминувам по незаборавни моменти, како што е освојувањето на Серија А и Суперкупот на Италија, и најмногу поради што ја делев соблекувалната со извонредни луѓе. Од срце им благодарам на моите соиграчи, на секој тренер кој веруваше во мене и особено на Паоло Малдини за неговата блискост, визија и лидерство.

Благодарам и на навивачите на “росонерите”, кои секогаш беа тука, во убави и тешки моменти. Да ја почуствувам вашата поддршка беше привилегија која никогаш нема да ја заборавам и секогаш ќе ја носам во моето срце. Одлуката да заминам не беше лесна. Секогаш знаев каде сакам да останам и Милан секогаш беше мојот приоритет. Но за жал, не зависи сè од еден човек. Насоката што клубот ја презеде и некои неодамнешни одлуки не ги одразуваат вредностите ниту амбицијата што ме доведоа тука. Ова е моментот да затворам едно поглавје и да отворам друго, различно, но исто толку важно за мене. Заминувам со крената глава, бидејќи секогаш давав сè за овој клуб, работејќи со максимални напори и делувајќи со истите соништа како и тие навивачи. Заминувам со полно срце и со надеж дека Милан наскоро ќе може да се врати таму каде што заслужува да биде. Милано секогаш ќе биде дел од мене. Форца, Милан!”, напиша Тео на својот профил на Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…