Дома Фудбал Тензии во Мексико: Фудбалерките побегнаа од теренот поради звуци слични на пукотници (Видео)

Тензии во Мексико: Фудбалерките побегнаа од теренот поради звуци слични на пукотници (Видео)

Натпреварот на женските фудбалски екипи во Мексико беше прекинат откако се слушнаа звуци близу стадионот кои личеа на пукање, поради што фудбалерките од двата тима во паника го напуштија теренот и побараа засолниште.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Инцидентот се случи во момент на засилен бран на насилство во земјата, откако мексиканските безбедносни сили го ликвидираа водачот на озлогласениот нарко-картел, само неколку месеци пред почетокот на Светскиот првенство 2026, на кое Мексико е еден од домаќините.

Натпреварот од највисок ранг на женскиот фудбал помеѓу Нексакса и Кверетаро Феменил, одигран на стадионот Естадио Викторија, ненадејно беше прекинат во неделата. Судијата веднаш ги испрати фудбалерките во соблекувалните, додека околу 400 гледачи на трибините бараа безбедно место.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан е минато: Леао ќе бира меѓу два премиерлигаши!?

Португалската ѕвезда Рафаел Леао повторно се најде во центарот на вниманието откако со сво…