Дома Фудбал Тен Хаг во Баер Леверкузен помина 62 дена и си заработи – богатство!

Тен Хаг во Баер Леверкузен помина 62 дена и си заработи – богатство!

Приказната започна како совршен ангажман за Ерик тен Хаг кога во мај ја презеде клупата на Бајер Леверкузен, потпишувајќи тригодишен договор со тимот. Меѓутоа, соработката меѓу холандскиот тренер и клубот беше прекината после само два натпревара во Бундеслигата.

Во јавноста сега излегоа детали за неговата неверојатна отпремнина. Работата во Леверкузен за Тен Хаг требаше да биде враќање на големата сцена, во клуб кој под водството на Чаби Алонсо постигна историски успеси.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Сепак, неговиот мандат беше краткотраен, бидејќи доби отказ по поразот од Хофенхајм и ремијто со Вердер Бремен. Единствената победа ја забележа во Купот против тимот од пониска лига, Соненхоф Гросапах.

Според германскиот Спорт Билд, раскинувањето на договорот со Холанѓанецот клубот ќе го чини скоро 6 милиони евра. Кога на ова ќе се додаде и неговата плата за два месеца на клупата, се доаѓа до заклучок дека Тен Хаг го чинеше клубот околу 100,000 евра дневно за неговите 62 дена во клубот..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Манчестер Јунајтед жестоко ги нападнаа Аморим и ѕвезда на клубот по срамот на „Олд Трафорд“

Навивачите на Манчестер Јунајтед веќе им е доста од сè и решија целата своја лутина да ја …