Дома Фудбал Тен Хаг нема да издржи долго: Веќе е пред отказ!

Тен Хаг нема да издржи долго: Веќе е пред отказ!

Ерик тен Хаг не се покажува во најдобрп светло на стартот од неговата епизода како тренер на Баер Леверкузен.

Во првите две рунди, Баер успеа да освои само еден бод, а Тен Хаг се соочува со критики откако тимот загуби два гола предност против Вердер Бремен, иако противничкиот тим играше со играч помалку.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Со десетмина на терен, Вердер ја анулира предноста на Баер од 1:3 и израмни на 3:3, па германските медиуми најавуваат дека управата на клубот ќе одржи состанок со тен Хаг.

Не треба да се заборави дека Баер на домашен терен беше поразен од Хофенхајм, а никој не очекуваше дека после два круга екипата ќе има само еден бод.

Дополнително, тимот на Баер претрпе многу промени, помеѓу кои заминувaњето на првиот тренер, Чаби Алонсо, како и на клучните играчи како – Џереми Фримпонг, Џонатан Та, Флориан Вирц, а наскоро и на Пјеро Хинкапије кој се движи кон Арсенал.

Леверкузен се наоѓа во период на транзиција, слично како што тоа го правеше Јунајтед во свое време, и тен Хаг можеби не е соодветниот човек за нов почеток…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каде оди фудбалот? Има 18 години и помалку од 20 настапи, а за неговиот потпис бараат 100 милиони евра

Фудбалската сцена повторно доживеа шокантна епизода во врска со цените на младите таленти.…