Дома Фудбал Останато Taжната семејна приказна на најскапото засилувања во историјата на Баерн Минхен

Taжната семејна приказна на најскапото засилувања во историјата на Баерн Минхен

Францускиот фудбалер Лукас Хернандез е рекорден трансфер во историјата на Баерн. Германскиот гигант за него плати 80 милиони евра, а зад неговиот пат стои тажна семејна приказна.

Се и должи на својата на мајка. Таа го одгледа и насочи кон фудбалот, работела со часови да го прехрани, зборуваше Хеернандез (23).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баерн за него издвои 80 милиони евра што е рекордно засилување за германскиот клуб. Лукас минатото лето освои злато на Светското првенство Русија со репрезентацијата на Франција, а само еден месец подоцна со Атлетико ја освои Лигата на Европа.

Сезоната од соништата ја продолжи со трансфер од соништата, а приказната за неговиот успех започнува со тажна семејна приказна. Луакс и братот Тео кој игра за Реал Сосиедад како позајмен фудбалер од Реал Мадрид се одгледани од неговата мајка Пи Лоренс. Таткото Жан-Франсоа Хернандез бил професионален фудбалер и играл за Марсеј, Рајо Ваљекано, Атлетико Мадрид…Но, тој на никој начин не е заслужен за успехот на неговите синови.
Таткото го напуштил во 2002 година, повеќе од 10 години немаат контакт со него.

Жан-Франсоа своето семејство го напуштил во 2002 година. Сопругата и двајцата синови ги оставил поради шпанската актерка Сони Молде и никогаш повеќе не се вратил. Лоренс така останала сама со децата, а иако и било тешко да ги насочи децата на вистинскиот пат на крајот успеала.

„Не сме се слушнале со него 12 или 13 години, не ни се јавил…Сега кога јас сум татко уште повеќе се чудам на неговите потези. Не беше добар татко, такво нешто јас никогаш не би можел да направам. За своето дете би спиел и под мост ако е тоа потребно“, изјави Лукас минатата година во емотивно интервју.

Браќата го започнале својот пат во клубот Рајо Мајадхода, а мајката секој ден ги носела на тренинг секојдневно. Рајо го препознал нивниот талент и на двајцата им дал стипендии. Нивниот талент набрзо бил забележан од Атлетико Мадрид. Лукас пристигнал во клубот кога имал 11 години. Во Мадрид соиграчите го викале „големиот шеф“, а помеѓу врсниците се истакнувал со висината, физичката сила, одличното читање на играта, не се плашел и секогаш бил упорен.

Симеоне му даде прилика кога имаше 17 години.

Диего Симеоне во 2014 година кога Хернандез имаше само 17 години го повика за натпреварот против Виљареал. Една година подоцна тој веќе стана стандарден член на негивот тим, покрај клупските легенди Годин и Хименез полека стекна статус на првотимец. За сега неодамна да го потпише договорот на кариерата со Баерн.

Во 2017 година Лукас и Тео станаа и првите браќа на спротивните страни во едно мадритско дерби.

„За кого ќе навивам? Ух, не можам да бидам на една страна, ќе навивам за своите деца. Што ќе им кажам пред натпреварот? Да не се тепаат. Секако дека знаеа да имаат судири во изминатите години, но тоа се нормални расправии помеѓу браќа. Горда сум на нив“, зборуваше нивната мајка пред тој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …