Во Германија на 57-годишна возраст по тешко боледување почина поранешниот фудбалер Максимилијан Хеиндрих.
Повозрасните фанови на Бундеслигата ќе го паметат по неговите настапи кон крајот на 80-тите и 90-тите години. Веста за неговата смрт на потврди Фрајбург.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Токму во Фрајбург остави најдлабока трага и го носеше дресот на овој тим од 1992 до 1997 година. Вкупно во кариерата собра 166 настапи во најсилното германско првенство.
Беше дел од генерацијата на Фрајбург која во 1995 година заврши како трета во првенството и се пласираше во Купот на УЕФА. До денеска тоа е најдобриот пласман на овој клуб во Бундеслигата.