Дома Фудбал Германија Легенда на Бундеслигата: Фрајбург се разделува со тренерот кој е во клубот 29 години

Легенда на Бундеслигата: Фрајбург се разделува со тренерот кој е во клубот 29 години

Германскиот тренер Кристијан Штрич одлучи да се пензионира на крајот од актуелната сезона.

58-годишниот стратег на Фрајбург сака клубот да се освежи и да преземе нови предизвици со нова енергија.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Она што е импресивно е што Штрих во Фрајбург дојде во 1995 година, кога почна да работи со помладите категории, каде беше до 2011 година. Потоа стана помошник на првиот тренер, а од 2012 година самостојно ја извршува работата како тренер на бундеслигашот.

„После 29 години, ова е вистинскиот момент да ја препуштам мојата работа на некој друг. Ни требаат нови луѓе, нова енергија, нови можности… Овој клуб е мојот живот и му благодарам за се“, изјави Штрих.

Под водство на Штрих, Фрајбург четири пати настапуваше во Европа, а во сезоната 2021/22 играа и во финалето на Купот на Германија каде беа поразени на пенали од Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…