Првата асоцијација на Борусија Дортмунд за преодниот рок е Ерлинг Халанд, но во Борусија работат и на тимот за наредната сезона.
После доаѓањето на Никлас Зуле од Баерн Минхен новиот спортски директор на Борусија Дортмунд Себастијан Кел завршил уште еден летен трансфер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Нов фудбалер на вицешампионот на Германија ќе биде фудбалерот на Фрајбург, стоперот Нико Шлотербек, пренесува експертот за трансфери Фабрицио Романо.
Младиот стопер игра одлично оваа сезона во Фрајбург и стигна до репрезентацијата на Германија. Борусија ги следеше неговите настапи и одлучи да го доведе на „Вестфален“. Преговорите се воделе неколку месеци, а наскоро се ќе биде официјализирано.
Очекувањата се Борусија да плати 30 милиони евра за 22-годишниот фудбалер.