Дома Фудбал Тажна вест: Почина поранешен младинец на Јунајтед!

Тажна вест: Почина поранешен младинец на Јунајтед!

Манчестер јунајтед, откако ја извојува победата во напнатот дуел против Лион во четвртфиналето на Лига Европа, денеска соопшти и неволна вест.

На 36 години го загуби животот Џо Томпсон, по повеќе од деценија борба со болеста.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тој беше дел од младинската академија на Јунајтед и се сметаше за голем талент. Не оствари во целост, меѓутоа играше во сениорскиот фудбал за тимовите на Рочдејл, Транмере Роверс, Бјури, Врексем и Карсли Јунајтед.

Во 2014 година, се очекуваше негово враќање на терените, откако ја победи болеста, но повторно му се врати во 2017 година. Тогаш повторно ја надмина. За жал, третата борба не ја издржа, откако минатата година му беше дијагностициран лимфом во четврта фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн руши рекорди. Никој досега не започнал сезона како нив

Фудбалерите на Баерн го продолжија својот победнички ритам оваа сезона, совладувајќи го ак…