Дома Фудбал Тажна октомвриска ноќ што Ибрахимовиќ никогаш нема да ја заборави (Фото)

Тажна октомвриска ноќ што Ибрахимовиќ никогаш нема да ја заборави (Фото)

Златан Ибрахимовиќ без никакво сомнение е еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, а најголема трага остави играјќи во Италија, каде што играше за трите најголеми клуба Јувентус, Интер и Милан. Но, и покрај тоа што на Апенините остави неизбришлива трага, сè уште го прогонува октомвриската ноќ од 2021 година, за која одлучи јавно да зборува.

Ибрахимовиќ го помина поголемиот дел од својата кариера во Италија, каде што прво играше за Јувентус, а потоа за градските ривали Интер и Милан.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Еден е од ретките што играше за тие три великани од Апенините, и покрај тоа успеа во секој од нив да остави трага.

Освен тоа го помниме и по игрите за Барселона, ПСЖ и Манчестер Јунајтед, но јасно е дека Италија секогаш му била дом. И по завршувањето на кариерата пред две години, остана на Апенините и моментално врши функција во Милан.

Иако неговата кариера беше навистина блескава, Ибрахимовиќ имаше моменти што не ги памети драговолно, а еден од нив се случи на 31 октомври 2021 година, кога со Милан гостуваше на Олимпико кај екипата на Рома.

Ибрахимовиќ гостуваше пред неколку дена во емисијата “This is me”, каде што отвори душа за таа октомвриска ноќ во која доживеа срамни навреди од трибините на навивачите на римскиот клуб.

“Добро се сеќавам на тој ден. 50.000 луѓе ме навредуваа откако постигнав гол. Се правев дека не ги слушам, иако тоа само ме мотивираше да вложам уште повеќе од себе. Тие работи ми даваа сила да бидам уште подобар”, раскажува Ибрахимовиќ и продолжува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фабрика за фудбалски таленти: Вложија 65 милиони евра во академија, а сега создаваат страшни фудбалери (Фото)

Инвестициите во спортот честопати се покажуваат како најплодни кога зад нив стои јасна стр…