
Марк Белингам во саботата дојде од Англија за да го гледа дебито на син му во Бундеслигата против Сент Паули, но потоа направи сцена во ограничениот дел од стадионот кога разговараше со спортскиот директор Себастијан Кел. Наводно, тој побарал да знае зошто неговиот син бил отстранет на полувремето.
Тензијата по натпреварот, само ја зголемија родителите на Џобе Белингам, Марк и Дениз, кои биле незадоволни откако го видоа својот син како останува во соблекувалната на полувремето.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Тие го чекале во тунелот по завршувањето на натпреварот раководството на Дортмунд за да се соочат со нив. Според новинарите на „Скај Спортс Германија“, Марк Белингам прво имал емотивен разговор со спортскиот директор на Дортмунд, Себастијан Кел.
Тој ја изрази својата фрустрација од од одлуката на тренерот неговиот син да остане во сблекувалната по првите 45 минути. Но, според овој извор, си зел за право да ги критикува играчите на тимот за кој игра неговиот син.
„Билд“, објави дека Марк Белингам побарал итен состанок со тренерот Нико Ковач.