Лацио на домашен терен запиша триумф против Верона во рамки на последниот меч од 25. коло во Серија А. Римскиот тим славееше со резултат 2:0, а обата погодоци беа дело на Имобиле. Најпрво беше прецизен во 55. минута, а потоа и во 60. минута од мечот. По овој триумф, Лацио се наоѓа на четвртата позиција на табелата.