Кристиано Роналдо вчера после 12 години се врати во Манчестер Јунајтед и тоа разбирливо предизвика еуфорија кај сите навивачите. По овој трансфер интересна порака на социјалните мрежи имаше српскиот фудбалер Немања Матиќ. „До сите мои роднини и пријатели…Немојте да ми барате дрес од Роналдо“, гласи порака на Матиќ.