Дома Фудбал Англија Роналдо: Фергусон е клучниот човек за моето враќање во Јунајтед

Роналдо: Фергусон е клучниот човек за моето враќање во Јунајтед

Кристиано Роналдо се уште не е официјално претставен во Манчестер Јунајтед затоа што со репрезентацијата на Португалија се припрема за продолжување од квалификациите за Европското првенство, но издвои време за интервју во кое зборуваше на повеќе теми.

На почетокот истакна дека едвај чека повторно да заигра за Јунајтед.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Како што знаете имам фантастична историја со овој клуб. Дојдов тука како 18-годишник и мило ми е што се враќам 12 години подоцна. Радосен сум и со нетрпение чекам да истрчам ан теренот“.

Не криеше дека најголемо влијание за неговото враќање имал Сер Алекс Фергусон.

„Фергусон е мој фудбалски татко. Ми помогна и ме научи многу работи, одигра важна улога во мојата кариера. Останавме во контакт цело време, станува збор за неверојатен човек. Тој е клучниот човек затоа што сум сега тука, поточно затоа што се вратив во Јунајтед“, изјави Роналдо.

Со Солскјер ќе се сретне после репрерзентативната пауза.

„Како што знаете, играв со него две или три сезони и имаме одличен однос, но сега сме во поинакви улоги. Јас сум фудбалер, а тој е тренер“, истакна Роналдо за клупската телевизија.

Првиот натпревар после репрезентативната пауза е закажан за 11. септември, а тогаш Јунајтед ќе игра против Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…