Актуелниот ракометен шампион Пелистер освои голем бод на гостувањето кај Алкалоид во Автокоманда, откако во последните секунди Хосни погоди за 33-33. Битолчани го отворија натпреварот со водство, но Алкалоид брзо ја презеде иницијативата и поведе со 6-4. Првото полувреме заврши 15-14 во корист на домаќините. Во вториот дел, скопскиот тим успеа да стигне до водство од четири голови, но Пелистер …