Денес главна тема на Апенините е сензационалното враќање на Златан Ибрахимовиќ во Серија А во дресот на Милан. Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Милан е заинтересиран да го донесе Ибрахимовиќ на шест месеци, до крајот на сезоната. Поради тоа, денес на пресконференцијата пред мечот со Олимпијакос, новинарите очекувано му го поставија тоа прашање на тренерот Џенаро Гатузо. …