Дома Фудбал Италија Замброта: Јувентус ќе биде несигурен? Апсолутно, не!

Замброта: Јувентус ќе биде несигурен? Апсолутно, не!

Поранешниот фудбалер зборуваше за вечерашното дерби.

Вечерва во Серија А ќе се сретнат Милан и Јувентус и според многумина „старата дама“ е изразит фаворит. Јувентус неодамна во Лигата на шампионите запиша пораз од Манчестер Јунајтед, но според Замброта тој натпревар нема да влијае на клубот од Торино.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Јувентус ќе биде несигурен после поразот од Јунајтед? Апсолутно не. Против англискиот тим заслужија да победат со два или три гола разлика. Тие создаваат многу прилики, имаат одличен победнички менталитет. Кога ќе изгубат сакаат веднаш да ја прекинат лошата серија“.

„Сличности помеѓу Гатузо и Алегри? Посветеност, знаење да ги натераат играчите да го дадат најдоброто. Алегри секогаш може да предвиди што противникот ќе направи и тоа му помага во поставувањето на играта“, изјави Замброта.

Натпреварот во рамките од Серија А, Милан и Јувентус ќе го одиграат вечерва од 20:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Италија нема да има 10 екипи во Европа следната сезона

Се до вчерашниот натпревар помеѓу Каљари и Фиорентина кој заврши со победа на гостите од 2…