Дома Фудбал Италија „Сан Сиро“ распродаден за дербито: Милан инкасира рекордна сума!

„Сан Сиро“ распродаден за дербито: Милан инкасира рекордна сума!

Италијанските медиуми пренесуваат дека „Сан Сиро“ е комплетно распродаден за дербито во недела и дека Милан поставил нов рекорд во заработка во Серија А.

Пред неколку дена Интер постави апсолутен рекорд во италијанскиот фудбал кога од мечот со Барселона заработи 5,8 милиони евра од билети.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес Милан постави рекорд во Серија А и од продажбата на билети до сега инкасира скоро 5 милиони евра, така што веќе се продадени сите билети кои клубот ги пушти во продажба.

Меѓутоа, гостинските навивачи решија да го бојкотираат мечот поради скапите цени на билетите, па „росонерите“ денес ќе ги пуштат во слободна продажба и билетите за гостинскиот сектор.

Поради тоа се очекува инкасираната сума да достигна до 5,5 милиони евра, што е апсолутен рекорд во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…