Фудбалскиот клуб Вардар денес соопшти дека го разрешил од должност досегашниот шеф на стручниот штаб Бобан Бабунски, и тој повеќе нема да ги предводи „црвено – црните“. Бабунски дојде на тренерското место во април оваа година на местото на Чедомир Јаневски, го предводеше тимот во финишот од минатата сезона, и во првиот квалификациски натпревар од Лигата на Европа. „На Бабунски …

