Со двата гола постигнати во последните минути од натпреварот одигран во Ѓорче Петров, фудбалерите на Вардар ја победија Македонија со 3-1. Шкендија рутински ја победи Беласица.
Вардарци поведоа рано уште во 19-минута со голот на Вилиан, но во второто полувреме израмни Божиновски. Избраниците на Васоски дојдоа до трите бода во самиот финиш со головите на Мицевски и Попзлатанов во 90 и 93 минута.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неизвесно беше и во Тетово каде Ренова и Силекс одиграа без победник 1-1, додека Шкендија во Струмица ја надигра Беласица со 2-0.
Резултати 12. коло:
Македонија ЃП-Вардар 1-3
Беласица-Шкендија 0-2
Работнички-Победа 3-1
Шкупи-Академија Пандев 1-0
Ренова-Силекс 1-1