Тимот на Вардар вчера го загуби дербито на колото против Шкендија (0:2).
Натпреварот кој се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе остане запаметен по контроверзниот прв погодок на гостите од Тетово.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Своето незадоволст неколку часа по натпреварот го искажа и голманот Гачевски на својот Фејсбук профил, тој тврди дека судијата позади голот му кажал дека топката не ја поминала гол линијата.
„Денес се случи голема неправда! Не ме е јасно како ФФМ го поддржува ова, ама добро знам дека и таму тешки случки…Жално за Македонија, па ова да се случеше во друга држава „судијата“ повеќе немаше да постои. Сега, искрено ќе кажам дека судијата позади голот ми кажа дека нема гол, а помошникот што немаш никаков преглед тврди дека е гол!!?? Денес се случи, огромна кражба, но Господ е голем!! Прашање до ФФМ: Како може да делегирате судија од Кичево кој е Албанец и навива за Шкендија??? Не е важно, изгубивме…ФГМ ова е голема срам не само за нас фудбалерите, туку и за цела држава!! Искрено се срамам, а ако имате ви барем малку срам тој „судија“ повеќе нема да суди во ПМФЛ“, гласи статусот на Гачевски.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=969837816534709&set=a.173020872883078&type=3&theater