Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо гостуваше во емисија на ТВ Барса во која одговараше на интересни прашања. Емисијата носи име „Невозможни одлуки“, а Роналдињо кој е еден од најомилените играчи на навивачите беше гостин. Тој доби прашање да го избере најдобриот изведувач на слободни удари од: Меси, Бекам и Роберто Карлос. „Меси“, одговори поранешниот фудбалер на Барселона.
